Project Description

Програма на мали производи

По богатата палета на разни производи за спиење, Ви ја претставуваме и програмата на мали производи.

Подобрете го држењето, намалете ја болката и преку потребната енергија овозможете му на својот организам помош од кој ќе се чувствувате поздраво и порасположено!

Станува збор за производи кои имаат благотворно дејство врз организмот и делуваат позитивно на подобрување на општата здравствена состојба. За почеток, тука е хигиенско – ортопедската перница со мали димензии (40 x 80), којашто може да ја спакувате и во својата патничка торба и така да продолжите да уживате во новиот квалитет на сонот кој го овозможуваат перниците на ПРЕМИУМ ГРУПАЦИЈА, каде и да се најдете. Навлаката е изработена од високо квалитетен памук, а се пакуваат во фина вреќичка направена од истиот материјал, како би можеле секаде да ја носите со себе.

Ако сакате да го поправите држењето и да спречите болка во кој било дел од телото, во тоа ќе ви помогне магнетниот појас. Изработен е од најквалитетна волна, во два слоја со магнетна лента со јачина од 1400 гауси, делува терапевтски на болните точки на вашето тело, ја отстранува напнатоста и позитивно влијае на вашата целокупна здравствена состојба.

Во понудата има и магнетни влошки, коишто покажаа одлични резултати кај многу корисници. Делуваат на рефлексните точки на стапалата кои ја стимулираат работата на одредени органи во организмот. Магнетите делуваат длабоко со силата на магнетните дејствија на биолошки активните точки на стапалата. Овие влошки го раководат правилното држење на цело тело, ги ублажуваат болките во ’рбетниот столб, нозете и колената и придонесуваат за подобра општа здравствена состојба. Пријатни се за носење бидејќи ги масираат стапалата и ја поттикнуваат циркулацијата на крвта.

Во програмата на мали производи може да најдете и магнетен накит кој не само што е убав и модерен туку и исклучително корисен бидејќи делува терапевтски на целокупниот организам, како и алпската (Alpenkrauter) крема којашто многу би ви помогнала за отстранување на главоболка, стрес, напнатост или вкочанетост на вратот и половината или воспаление на мускулите…