Project Description

ПРЕМИУМ ЕКСКЛУЗИВ ДУШЕК

Душекот МЕРИНО КАРБОН МЕМОРИ

ВИСОКОЕЛАСТИЧЕН ДУШЕК WOOLMARK КВАЛИТЕТ НА НАЈНОВАТА ГЕНЕРАЦИЈА

Душекот  МЕРИНО КАРБОН МЕМОРИ претставува нешто потполно ново на овие простории. Спаѓа во групата на ортопедско-анатомски душеци кои поради својата флексибилност овозможува правилен ергономски облик на телото  на секој корисник во која било физичка конфигурација.

Навлаката на душекот е составена од внимателно одбрани влакна од 100% мерино волна со Woolmark квалитет и карбонска мрежа од другата страна.

Револуционерно откритие на мемори пена и јадро од најфин состав, овозможува да со ротирање на душекот може да се добие различна цврстина а со тоа да се задоволат и потребите на најпребирливите корисници

Прозрачност на душекот МЕРИНО КАРБОН МЕМОРИ

Високиот степен на прозрачност на душекот е од голема важност за постигнување на здрава клима за спиење која има антибактериско делување и способност на елиминација на грињите.

Јадрото на душекот се состои од исклучително прилагодлива термоосетлива мемори пена со највисок квалитет и високоеластична пена. Оваа високоеластична пена ги обединува најновите откритија и како таква е една од најквалитетните материјали на светот поради својата трострука поголема долготрајност и поради својата прозрачност којашто овозможува една од најважните функции на секој душек, а тоа е душекот правилно да дише. Висината на душекот е 18 cm што му дава можност на исклучително добра вентилација, а со тоа удобноста да не е нарушена. Странично има специјално 3Д платно кое во текот на вртењето (станување, вртење итн) пропушта воздух и на тој начин душекот дише и со тоа се постигнува здрава клима за спиење.

Анaтомско делување

 

 

За да се намалат максимално ризиците од искривување на рбетниот столб  во текот на лежењето, внатрешноста на душекот од  МЕРИНО КАРБОН МЕМОРИ  се класифицира како цврста (крута), но истовремено и флексибилна.

Душекот МЕРИНО КАРБОН МЕМОРИ е идеална потпора на рбетниот столб, особено за особите кои се во средни години и постари луѓе како би се спречиле болести кај  ‘рбетот и да се намали заморот на телото во текот на лежењето.Овој душек има гаранција од 10 години во склад со негово правилно користење.