Project Description

Ново! Природна козметика

PREMIUM EXCLUSIVE HEALTH ПРИРОДНА КРЕМА

Најдобра и најздрава храна за вашата кожа бидејќи е 100% природна, без вештачки бои, мириси,адитиви и конзерванси. Главна состојка е шеа путерот збогатен со растителни и етерични масла.

PREMIUM EXCLUSIVE HEALTH ПРИРОДНА КРЕМА е висококвалитетна крема за нега на нормална, дехидрирана и осетлива кожа. Ги ублажува ситните осипи на кожата, а благотворна е и кај испукани усни.За да има најдобар резултат потребно е да се нанесува два пати дневно на чиста кожа.

Составот на кремата од бадем е од: шеа путер којшто содржи витамин C, D, A, E и F. Витаминот А и витаминот Е помагаат за чување на здравата кожа. Овие витамини се особено важни за оштетена кожа од преголема изложеност на сонце. Шеа путерот ја забавува појавата на брчки. Лесно продира во кожата, не ги затвара порите, па поради тоа кожата може да дише. Содржи деривати од цинаминска киселина која штити од штетни сончеви зрачења. Витаминот C ја смирува сувата, грубата и испукана кожа. Се состои од ланолин , линоленска и од арахидонска киселина, коишто се три есецијални масни киселини многу важни за здравата кожа. Доколку го користите секојдневно шеа путерот сигурно ќе ги забележите неговите предности. Масните киселини во шеа путерот ги обновуваат клетките на кожата, а тоа е неопходно за да се има здрава кожа. Содржи природни својства за заштита од сонце.

Содржи витамин А кој и помага на кожата во заздравување на раните и витамин D кој го поттикнува растот на клетките на кожата. Ја хидрира кожата, одлична е за употреба за егземи, иритација и за сува кожа. Витамините А , E и F ја хидрираат кожата, ја прават мека и ја намалуваат појавата на стрии. Поради смирувачката природа, шеа путерот е одличен за намалување на иритацијата по бричење . Содржи високо ниво на есенцијални масни киселини кои помагаат во враќањето на природната еластичност на кожата.

Бадемовото масло е богато со витамин A, B и E кои придонесуваат за здрава кожа. Бадемовото масло помага за одржување на влажноста на кожата, а кожата впива моментално без затворање на порите. Делува благотворно на кожата така што го подобрува тенот и го задржува сјајот на кожата, ја хидрира кожата и ја храни, така што ја прави помека и ја ублажува иритацијата на кожата.

PREMIUM EXCLUSIVE HEALTH ПРИРОДНА КРЕМА 50МЛ 2.400,00 денари

Premium exclusive ICE ALPEN природна крема

Рачно изработена крема со природни есенцијални масла за благотворна масажа на телото, долните и горните екстермитети. Premium exclusive ice alpen природна крема е единствена мешавина на есенцијални масла и природни растителни масла кои ви даваат пријатно чувство на ладење на местото на кое се нанесува. Есенцијалните масла од нане и еукалиптус допринесуваат за подобра циркулација, а природните растителни масла ја негуваат кожата правејќи ја мека и свиленкаста.

Premium exclusive ice alpen природна крема благодарение на благотворното дејство на етеричните масла го ублажува чувството на отечени и тешки нозе, тегобите кај ревматските заболувања, спортски повреди на мускулите, тетивите и лигаментите.

Кремата може да ја користите наутро и навечер, може да се користи и во комбинација со спортска и релакс масажа. Лесно впивливата формула допринесува за подобро чувство при нанесувањето на кремата.

PE Ice Alpen природна крема – цена 2.190,00 денари

Premium Exclusive HOT TIGER Creme

Рачно изработена крема со природни и еценцијални масла за благотворна масажа на телото, горните и долните екстремитети.

Premium exclusive hot tiger природна крема е единствена мешавина од есенцијални масла и од природни растителни масла кои придонесуваат за лесно загревање на кожата при нанесувањето. Есенцијалните масла од цимет и рузмарин придонесуваат за подобра циркулација, а природните растителни масла ја негуваат кожата и ја прават мека и свиленкаста.

Premium exclusive hot tiger природна крема благодарение на благотворното дејство на етеричните масла  брзо и ефикасно придонесува за опуштање на мускулите и движење на зглобовите, како и ублажување на тегоби кај ревматските состојби.

Кремата може да ја користите наутро и навечер како би ја подобриле циркулацијата и би го намалиле ефектот на ладни стапала, да се олесни проблемот на тешки нозе, реума, да се забрза разградувањето на масните наслаги и целулитот. Кремата може да се користи и во комбинација на спортска и на релакс масажа. Лесно впивливата формула придонесува за подобро чувство при нанесувањето на кремата.

PE Hot Tiger природна крема – цена 2.190,00 денари