Project Description

ДЕТСКА ПРОГРАМА

Дизајнирани се на тој начин да ги задоволат потребите на сите членови во семејството, а особено за децата да ги усреќи и развесели, овие производи обезбедуваат здрав, квалитетен и безгрижен сон на сите кои имаат среќа да ги пробаат барем еднаш. Родителите ќе спијат спокојно, знаејќи дека со прекривките од детската програма нивните мали имаат сигурна топлина и удобност. Нема повеќе грижа околу ноќните откривања на вашето дете, ниту страв од тоа дали перницата  која тоа ја користи е извор на бактерии и разни болести. Анатомските и хигиенски перници, како и преубавите меки прекривки придонесуваат за доброто здравје на вашите мали. Стравот од гриња, вируси, бактерии и други опасности навистина може да ги оставите настрана.

Најпопуларен помеѓу прекривките е „Мече прекривката” кој е двослојно ватирана, а може да се определите и за верзија од волна или кашмир.

Ако правилно се одржува, постелнината од овој како и од другите опишани програми може да се наследува генерациски и претставува најдобра инвестиција за вашето најмило, инвестиција за нивно добро здравје.