За магнетите

Дали сте чуле за подземни води? (почекајте одговор) Под Белград и под Скопје се наоѓаат околу тристотини реки, речни потоци, извори и подземните води претставуваат едно од повеќето видови зрачења на коишто сме изложени.

 

Сите зрачења се делат во три групи, а тоа се:

  • Копнени зрачења – подземни води, шуплини, пукнатини/процепи
  • Космички зрачења – Хартманови линии, Куриеви чворови
  • Технички зрачења или електромагнетен смог

 

Многу е важно да се нагласи дека Светската здравствена организација, зрачењата ги прогласува за едни од главните причинители за малигните заболувања кај луѓето и кажува дека 70% од болестите кај човекот настануваат од местото каде што спиеме, а останатите 30% спаѓаат во т.н. „надворешни влијанија“ – пад, незгода, удар, … – т.е. сите оние ефекти кои настануваат надвор од креветот.

 

ПОДЗЕМНИ ВОДИ

Дали ви се случило наутро да се осеќате како некој да ве мавал во текот на целата ноќ или кажувате: Така немирно спиев како некој да ме бркаше цела ноќ и сето тоа без оглед на тоа што сте спиеле околу осум часа? (почекајте одговор) Тоа се случува затоа што спиеме на подземни води.

За подземните води сме чуле и овој поим кај народот е познат многу одамна. Не знам дали сте имале можност да слушнете дека порано луѓето спиеле на слама, а по кратко време истата ја фрлале и заменувале со нова. Сламата апсорбира зрачења и по спалувањето луѓето всушнос правеле правилна работа, бидејќи се ослободувале од негативноста којашто се насобрала во неа. Исто така, би напоменал дека животните имаат изразен инстинкт за негативни зрачења, па нашите предци местото за градење на куќа го бирале со помош на животните, како добар показател била овцата, па таму каде што преспива стадото овци нема никакви лоши влијанија. Кучето никогаш не лежи на место каде што има лоши вибрации, а мачката, пак, таа спие баш таму каде што има негативна енергија и ја апсорбира во себе, а покасно се ослободува од истата.

Куќите во ЕУ не се градат таму каде што има подземни води, таму постојат посебни прописи за градежни дозволи кои ги спроведуваат државите од ЕУ и на овој начин водат особена грижа за своите граѓани.

Има толку многу примери за лошите влијанија од подземните води, па еве да ги дефинираме – подземните води се големи водени токови под земјата коишто со своето триење од карпите прават едно вртложно магнетно поле, кое во зависност од ширината и брзината на течението може да делува и до 1500 км во висина. Не претставува стабилно зрачење, бидејќи се должи на тектонските поместувања и порамнувања на почвата, таа претсавува „променлива категорија“.

Влијае на поврзување на кристалите во нашиот организам и на предизвиканите различни видови болести, како што се: појава на песок и на камен во жолчката и во бубрезите, влијае на трошењето на рскавиците, кај децата влијае на честите воспаленија на ушите, грлото и носот, како и на бронхијалните проблеми. Покрај сите овие проблеми делува и на несониците, вртоглавиците и депресијата. Влијае на намалувањето на железото и на калиумот во телото , што доведува до слабеење на целокупниот имунолошки систем. Во комбинација со останатите видови зрачења има повеќекратни негативни ефекти врз човековиот организам.

 

ХАРТМАНОВИ ЧВОРОВИ

Дали сѐпоголем број на луѓе оболуваат од канцер, го имате ли приметено тоа? (почекајте одговор)

Имате ли чуено за примерот со саксија цвеќе кога на некое место венее без некоја особена причина, сте чуле ли? (почекајте одговор) А потоа ја поместувате саксијата и цвеќето убаво се развива. Одговорот е едноставен: цвеќето венее исто како и човекот ако е поставено на чворови од негативни зрачења – на Хартманови чворови.

Хартмановите чворови претставуваат еден вид космички зрачења и името го имаат добиено по германскиот доктор Ернест Хартман, којшто многу добро ја обработил и ја докажал малигноста. Кога човекот ќе направи нарушувања во природата, таа се штити со патогени зрачења. Тие чворови се места каде што се сечат земјените магнетни линии. Тие во одреден правилен распоред претставуваат глобална мрежа околу нашата планета, којашто е составена од седумнаесет подмрежи, но ние се занимаваме со оние коишто се најгусти и имаат најјака фреквенција, а и најбрзо влијаат на промените на ќелиите на човековиот организам. Приближно објаснување би можело да биде дека тоа се енергетски ѕидови низ кои ние проаѓаме и многу е опасно да се спие во нивна близина, а особено на чворовите.

Ме интересира дали сега се прашувате каде бил тој хартман и кери, кога бев млад? (почекајте одговор) Обично е така, но јас го давам следниот одговор: Бил таму каде што е и сега, но интезитетот на зрачењата за десетина пати се има зголемено. Ќе го земам за пример на нас добро познатиот пример за сончањето. Пред педесетина и сме можеле да излегуваме на сонце по цел ден, а денеска е строго пропишано во кој дел од денот може да бидеме изложени. Сонцето не е јако, но сите ние имаме придонесено за уништување на озонската заштита и со тоа е појачано неговото дејство.

Инаку, појавата на овој јазол со други извори на патогени енергии доведуваат до малигност, т.е. канцер на клеточно ниво, коешто др. Хартман во повеќе од 20.000 експерименти го докажал. Хартмановите чворови може да предизвикаат: канцер на мозок, рак на штитна жлезда, рак на грло, мозочен удар,срцев удар, рак на дојка, рак на желудник, рак на жолчното кесе, рак на  панкреас, рак на дебело црево, рак на простата кај мажите, рак на матка кај жените, … да не ги набројувам повеќе, дали ова ви изгледа доволно штетно драги гости? (почекајте одговор обавезно и повторете го прашањето ако треба)

 

ТЕХНИЧКИ ЗРАЧЕЊА – ЕЛЕКТРОМАГНЕТЕН СМОГ

Дали сте чуле за сѐпоголем број на парови дека боледуваат од стерилитет? (почекајте одговор) Па, исто така слушате колку негативно делува мобилниот телефон, којшто се носи во џебовите и којшто со своето големо зрачење придонесува секакви болести. Дали ни е познато тоа како ушната школка се зацрвенува по долг телефонски разговор? (почекајте одговор) Не можете ни да претпоставите колку тоа дејство технички е штетно за човековиот мозок.

Сепак, техничките зрачења или електромагнетниот смог се нешто од што не може да се побегне, постануваат секојдневна потреба на човекот, како резултат на технолошкиот напредок на цивилизаацијата. Денеска современиот начин на живот не е возможно да се замисли без уреди коишто од една страна го олеснуваат животот, но од друга страна претставува извор на големо зрачење. Во овие извори на зрачења спаѓаат сите електрични уреди во домаќинството, од кои најкатастрофални се мобилните телефони, компјутерите, телевизорите, микробрановите печки, а надвор од домот тука се зрачењата предизвикани од далековод,  трафостаница, мрежа од електрични кабли.

Никола Тесла кажал дека електромагнетниот смог е нешто што ќе ја уништи нашата планета.  Се емитира од сите уреди и инсталации, како што спомнав, но најлошо е тоа што се апсорбира во просторот, ѕидовите, намештајот, гардеробата и нашето тело. Електромагнетниот смог нема мирис, вкус, не е видлив, но е поприсутен во просторот од пушниот смог. Ова зрачење пречи на правилното функционирање на комплетниот биолошки систем, т.е. на нашите ќелии така што не е чудно ако се будиме со главоболка, отечени очни капаци, зуење во ушите или со разни видови на инфекции, доколку на местото каде што спиеме имаме некој активенн извор на електрична енергија.